Во 2006 г. e формирана фирмата ЛНТ диагностик. Истата е фирма за продажба и маркетинг на медицински помагала на реномирани светски фирми.Или на кратко ги снабдуваме сите приватни и државни лаборатории со потребни лабораториски реагенси, тестови, апаратура и потрошен матерјал.
Основана на 18.10.2006 година
и чисто приватна сопственост на фамилија Блажевски.
Започната е со 2 вработени
и денес се наоѓаме во централно градско подрачје –
Дебар Маало, со современи канцаларии и со современо
опремен магацински простор од 90 м2
u во моментот се вработени 4 високообразовани
колеги и 6 надворешни соработници.
Прва странска фирма која ме подржа и го виде мојот потенцијал е GIESSE DIAGNOSTIC,од Рим,Италија-производител на Биохемиски реагенси со која до ден денес функционираме како фамилија.
По неа веднаш станавме застапници на корејската фирма BODITECH од Кореа, производител на Point of care (POC) имунолошки тестови,со кои исто имаме подршка 24/7.
Истите фирми се регистрирани во агенцијата за лекови МАЛМЕД.
Понатамо уследија застапништва на: CHUNDO PHARM-Кореа, BIOREX DIAGNOSTIC-Ирска , JTC-Гераманија XEMA-Русија , HIHTOP Кина , AVISKAR-Индија , HOTGEN-Кина ,ACON-УСА.
Од 2018 сме застапници на T-LAB-Турција и застапници сме на НОВИОТ ПРОИЗВОД на ашиот пазар PRP китови и центрифуги за истите, на што сме посебно горди бидејќи имаме задоволни доктори и крајни корисници.
Ги следиме светските трендови и на пазарот ќе настојуваме да донесеме се што е актуелно и ново.
Како што Наполеон рекол -,,Нема сила без вештина’’- така јас и мојот тим секојдневно учиме и напредуваме за да сме спремни на сите прашања и предизвици. Посетуваме обуки со физичко присуство или онлајн; конгреси каде сме сведоци на искуства од цел свет; состаноци на сите дистрибутери на фирмите кои ги застапуваме, читаме актуелни статии, истражувања на пазарот се со цел да напредуваме и да се развиваме. Многу време поминато по патишта, во лаборатории, многи ноќи непроспиени; подготовка презентации, подготовка тендери, преведување матерјали и многу др. за да се стигне до посакуваната цел.
,,АКО НИЕ НЕ СЕ ПОГРИЖИМЕ ЗА НАШИТЕ КЛИЕНТИ, НЕКОЈ ДРУГ ЌЕ СЕ ПОГРИЖИ’’
,,Клиентот е најважниот посетител во нашите простории, тој не зависи од нас. Ние зависиме од него.